Печати

НУ Центар за култура„Марко Цепенков“ Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

ДЕКАМЕРОН ПЛАКАТ

ДЕКАМЕРОН

според Џовани Бокачо

Режија: Мартин Кочовски

Драматизација: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија: Филип Јовановски

Костимографија: Јулијана Војкова-Најман

Музика: Оркестарот на Театар Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада

Вокал и музички соработник: Ана Митоска

Премиера: 19 март 2022г.

Играат:

Александар СТЕПАНУЛЕСКИ

Наташа АЧАНСКИ

Здравко СТОЈМИРОВ

Илија ВОЛЧЕСКИ

Димитар ЃОРЃИЕВСКИ

Марија СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА

Ангела НАУМОСКА

Игор ТРПЧЕСКИ

Михајло МИЛЕНКОСКИ

Андон ЈОВАНОСКИ

Александар ТОДЕСКИ

Димитар ЦРЦОРОСКИ

Цветанка ЧАВЛЕСКА

Сара СПИРКОСКА

Леонардо ЛАЗОВ

Инспициент: Елена Иваноска

Тон мајстор и дизајн на звук: Томе Темелкоски

Суфлер: Лилјана Батлеска

Светло: Ристе Гркоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Наумоски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Заварувач: Гоце Тодороски

Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со Декамерон, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух.Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин.

Декамерон е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа наЏовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од сега и тука, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.