• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Премиери 2019
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦК„ Марко Цепенков“ – Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“

ПРИКАЗНИ ЗА ВЕТРОТ И МЕСЕЧИНАТА По басните на Езоп, Лафонтен, Марко Цепенков...

Mala rezolucija poster

Премиера 8.12.2019

Режија – Кирил Петрески

Сценографија и костими – Александар Џинго

Музика - Томе Темелкоски

Играат

Катерина Чакмакоска – Клинческа,

Јасмина Мицовска – Станкоска,

Наташа Наумоска – Ачански,

Михајло Миленкоски,

Александар Тодески и

Надица Ѓорѓијоска.

Режисерот Кирил Петрески за претставата

.. “Приказни за ветрот и месечината“е претстава за деца која како тема ги има басните. Басната е една од најстарите литературни родови... Во басната се наоѓа чудесната метафора на детството, кога во свежата и бујна детска фантазија се создаваат поимите и сликите за вечните вистини. Во нив ги има поуките за животот, односите со другите луѓе, но не само со луѓето, туку и со сите суштества и со природата. Животните се вистинските јунаци на бајките, но преку нив се покажуваат човечките карактери, лукавството, зависта, алчноста, мудроста и наивноста, доброто и злото, правдата и неправдата, силата и немоќта и сето тоа е претставено метафорично, алегорично и сликовито. Како што рекол Лафонтен: „ Се зборува во вселената.“, а во една своја строфа вели: „Јас направив да зборува волкот, а на волкот да му одговара јагнето и отидов подалеку: дрвјата и растенијата кај мене станаа суштества што зборуваат.“ Во претставата се сместени басните на неколку автори - творецот или „таткото на басната“ Езоп, потоа Лафонтен, но и на нашиот Марко Цепенков кој што во своите записи од македонското народно творештво има сместено „мали приказни за животни“...

78951929_2385547655039985_2897731120835592192_n.jpg 78075113_535021337052140_9139200152551030784_n.jpg 79078894_794972714281212_7042791160418402304_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Театар„Војдан Чернодрински“ – Прилеп & ЕУРОКАЗ – Загреб

Премиера 7.10.2019

Глембаеви, уште една легенда

варијација на драмата на Мирослав Крлежа

режија и адаптација: БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

композитор: НИКОЛА МИЦЕВСКИ

сценографија: ИВАНА КНЕЗ

костимографија: СУЗАНА БРЕЗОВЕЦ

светло: РИСТЕ ГРКОВСКИ

тон: TOME TEMEЛКОСКИ

драматуршка соработка: ЛИДИЈА МИТОСКА-ЃОРЃИЕВСКА

соработник на сценографот и сликарски работи: ПЕЦЕ РИСТЕСКИ

преведувач: Илија Милчин

дизајн на плакат: Дејан Драгосавац-Рута

НАЦИ (ИГЊАТ ЖАК) ГЛЕМБАЈ .................................АНДОН ЈОВАНОСКИ

NACI (IGNJAT JACQUES) GLEMBAY............................ ZLATKO BURIĆ KIĆO

БАРОНИЦАТА КАСТЕЛИ – ГЛЕМБАЈ...........................ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

BARUNICA CASTELLI-GLEMBAY....................................DOMAGOJ JANKOVIĆ

Dr. phil. ЛЕОНЕ ГЛЕМБАЈ.............................................ЗОРАН ИВАНОСКИ

СЕСТРАТА АНГЕЛИКА ГЛЕМБАЈ...................................АНГЕЛА НАУМОСКА

SESTRA ANGELIKA GLEMBAY........................................SUZANA BREZOVEC

Dr. theol. еt phil. АЛОЈЗИЕ ЗИЛБЕРБРАНТ....................ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ

Dr. theol. et phil. ALOJZIJE SILBERBRANDT.................ROBERT ŠPANIĆ                

ОЛИВЕР ГЛЕМБАЈ..........................................................ИСИДОР ЈОВАНОСКИ

OLIVER GLEMBAY............................................................PAVLE VRKLJAN

ТИТУС АНДРОНИКУС ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ...................ТРАЈЧЕ ИВАНОСКИ

Dr. juris ПУБА ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ................................ИГОР ТРПЧЕСКИ

АНИТА............................................. АНА МИТОСКА СТОЈАНОСКА

 

thumbnail.jpg thumbnail2.jpg thumbnail5.jpg Plakat_Glembajevi_5_2.jpg thumbnail6.jpg

Глембаеви, уште една Легенда

Проектот Глембаеви, уште една Легенда настанува како финален резултатна долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, којашто тој досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.

На прв поглед, особено во својот централен дел, но и во финалето, на драмата може да ѝ се припише впечаток на блискост, камерна концентрација, психолошка нијанса, па според вообичаената академска класификација, таа е ремек-дело на квалитативната фаза на Крлежа, која ја заборава методолошката и етиолошката бушавост на младешката квантитативна фаза, а која својот сублимат го сондира во седумте драми и драмолети собрани под името Легенди.

Брезовец, впуштајќи се во својата режисерска работа, се сомнева во авторитарноста на таквите поделби. За него, драмите на Крлежа, навистина се одликуваат со поигрување со моралните модалитети (да се живеат спротивностите, рилкеовски да се живеат прашањата), но и херменевтичката беспрекорност на матното во нас. За осмозата на тие два пола низ целата драматика на Крлежа има доволно актантски инклузивности.

Така, Глембаеви се драмски континуитет на вртешки: дејствието навидум напредува, а всушност се враќа или стои в место (Леоне сака да ја продлабочи свеста за својата позиција, а всушност сфаќа дека отсекогаш ја знае). Тука структурата на Глембаеви се потпира, да кажеме, на драмата-легенда Кристофор Колумбо.

Драмата се отвора и во правец на онаа недефинирана дефинираност на Cтанкo Ласиќ: клучните мотивациски лостови се покажуваат во текот на драмата како несигурни, недефинирани (прељубата на мајката на Леоне, причината за смртта на Алис). Во тоа лежи врската на Глембаеви co Микеланѓело Буонароти и Салома.

Па така, во трагата на негацијата на биополарноста на Крлежиниот драмски опус, настанува и претставата Глембаеви, уште една Легенда. Таа има карактер на сценски есеј, но фикциски е осигурана и со навестувањата на драмскиот наратив: светот на глембаевските предци, кои во својот морален исход не можат да умрат, па опстојуваат во таквата своја безвременска есенција, е паралелен и рамноправен со светот на живите.

Продуцент на претставата е Театар„Војдан Чернодрински“ од Прилеп,во соработка со продуцентската куќа Еуроказ од Загреб. Ансамблот го сочинуваат професионални, постојано вработени прилепски актери (8 актери) и актери од Загреб, соработници на Еуроказ (5 актери, претежно слободни уметници).

Преплетувањето на живите ликови и нивните сеништа во радикално паралелен мизансцен и паралелен декор ќе појдат кон освестување на оние генијални пукнатини, кои според Уберсфелд, се одлика на секоја голема драма, а чија нелогичност писателот суверено ја прикрива со абдукција на ритамот и гледната точка. Со таа испреплетеност би трeбало да блесне можноста на матните односи на ликовите кои драмата на Крлежа не ги дофаќа, но милостиво ги нуди на увид.

Така, оваа претстава-есеј, да речеме, ќе ја допре можноста на односите Глембај – Ангелика (Aнгелика како фигура на Спасението и за стариот Глембај), Леоне – Зилбербрант (нивното љубовничко наговестување, па со тоа и ослабеноста на еротскиот контакт меѓу Бароницата и Зилбербрант), односот на Оливер со Бароницата и Глембај (потполно неелабориран во драмата).

Глембаеви, уште една Легенда ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштинаи ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск. Тоа е драматуршка операција со многу малку трошок и агресија, само благодарејќи на супериорната љубезност на таа голема драма. За Брезовец, Глембаеви не е драма на критика и актуелизација на митското лице на тајкунизацијата. Глембаевие драма за Спасот, за цената на неговата темпоралност (Спас: кога?) и за цената на утехата на неговата бесконечна спацијалност (Спас: каде и кому?)

 

ЕУРОКАЗ

Уметничката организација Еуроказ е основана во 1987 г. како фестивал на нов театар кој во текот на своите 27 фестивалски изданија се профилирал како еден од највлијателните фестивали во регионот и на кој настапиле над 300 уметнички групи од целиот свет. Фестивалот се одржуваше во континуитет од 1987г. до 2013г. Неговото прво издание е одржано како дел од културната програма на Универзијадата, а последното во времето на влегувањето на Хрватска во Европската Унија, на 1 јули 2013 г.

Од 2006 г. Еуроказ се оддалечува од презентациската и информативната функција, и станува продуцент и копродуцент на проекти со домашни и меѓународни уметници и партнери, а од 2014 г. продукцијата станува главната дејност на Еуроказ. Од самите почетоци, Еуроказ повикувал и соработувал со македонските театри. Така на Еуроказ гостувале Народниот театар Битола, Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, Народниот театар од Куманово, Албанската и Турската драма, а копродуцирани се представи со МКЦ и МАГ од Скопје и НТ Битола.

 

инспициент: Елена Иваноска; суфлер: Лилјана Батлеска; реквизитер: Гоце Наумоски; гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска; фризер-перикер: Даринка Богоеска; декоратери: Роберт Стојкоски, Сашо Смоквоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски; заварувач: Гоце Тодороски

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Премиера на 28.9.2019

Глембаеви 

варијација на драмата на Мирослав Крлежа 

режија и адаптација: БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

композитор: НИКОЛА МИЦЕВСКИ

сценографија: ИВАНА КНЕЗ

костимографија: СУЗАНА БРЕЗОВЕЦ

светло: РИСТЕ ГРКОВСКИ и БОБАН СМИЛКОСКИ

тон: TOME TEMEЛКОСКИ

драматуршка соработка: ЛИДИЈА МИТОСКА-ЃОРЃИЕВСКА

соработник на сценографот и сликарски работи: ПЕЦЕ РИСТЕСКИ 

Играат

НАЦИ (ИГЊАТ ЖАК) ГЛЕМБАЈ ................................. АНДОН ЈОВАНОСКИ

банкар, шеф на фирмата Глембај Лтд, вистински таен советник, 69 години

БАРОНИЦАТА КАСТЕЛИ – ГЛЕМБАЈ...........................ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

негова втора легитимна сопруга, 45 години

Dr. phil. ЛЕОНЕ ГЛЕМБАЈ.............................................ЗОРАН ИВАНОСКИ

син од Игњата и првата негова сопруга родена Базилидес-Даниели, 38 години

СЕСТРАТА АНГЕЛИКА ГЛЕМБАЈ...................................АНГЕЛА НАУМОСКА

доминиканка, вдовица на најстариот Глембаев син Иван, родена бароница Зигмунтовиќ Беатрикс, 29 години

Dr. theol. еt phil. АЛОЈЗИЕ ЗИЛБЕРБРАНТ....................ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ

информатор на синот на бароницата и нејзин исповедник, 39 години

ОЛИВЕР ГЛЕМБАЈ..........................................................ИСИДОР ЈОВАНОСКИ

син на бароницата Кастели и банкарот Глембај, 17 години

ТИТУС АНДРОНИКУС ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ...................ТРАЈЧЕ ИВАНОСКИ

кузен на банкарот Глембај, голем жупан во пензија, 69 години

Dr. juris ПУБА ФАБРИЦИ – ГЛЕМБАЈ................................ИГОР ТРПЧЕСКИ

адвокат, правен советник на фирмата Глембај Лтд, негов син, 28 години

АНИТА............................................. АНА МИТОСКА СТОЈАНОСКА

IMG_5491.jpg IMG_5480.jpg IMG_5778.jpg IMG_5662.jpg Plakat_Glembaevi.jpg IMG_5737.jpg
 

Глембаеви

Глембаеви не само што се најцелосниот, па со тоа – по некоја класична логика – и најдобар драмски текст на Крлежа, тукуинеговата трајна актуелност вчудоневидува, иако неговатаисторизација, дури и со елементи на фантастика,би можела да даде уште повртоглави резултати.

Изворно, Глембаеви зборуваат за пропаѓањето на една голема капиталистичка фамилија, за тоа колку тешко настанала големината на таа фамилија, како со лукавство се одржувалаи како перверзно пропаднала. Во време на денешната тајкунизација, која владее со сите транзициски простори од Балтикот до Солун, темата на оваа драма ни се чини клучна за храбриот влез во вибрирањето на театарската современост и непобитна актуелност.

Неморалот е услов и лост на глембаевското богатство, но препреденоста на бесчувствителноста одамна се учи во јавните училишта и установи. Глембаеви се некој вид на рендген на таа бесчувствителност, која ни исклучоците на своите правила не успева да ги пресади во бавчата на разумот, туку ги потпикнува покрај тврдите корења на далечните нејаснотии и матните почетоци. Во таа смисла ликот на Леоне, синот на стариот Глембај, е двојно и неподносливо распната фигура меѓу кривицата на Едип и правдината на Робин Худ, а стариот Глембај е трансфигурација на сеприсутните нововековни тајкуни.

Со оглед на тоа, Глембаеви се, ако сакаме, критика на нововековната тајкунска чудовишност, но критичар на таа чудовишност ама баш никако не може да се пронајде во корпусот на таа драма. Напротив, Крлежа порачува дека ни самата таква критиката, сосе нејзините вешти критичари (кои веруваат во онаа Жувеовасреќа на новиот ден), ама баш никако не може да се заснова ниту надвор од нејзиниот свет, односно во стварноста. Стратегијата на критичноста не може да се заснова на крлежијанското матно. Куќа не се гради врз тињата на тоа матно. Може само што побрзо да се признае дека метежот и матнината се мрачни, какви-такви,темели на нашата ослободеност за и пред проблемот.Единствен позитивен лик во Глембаеви е човекот со најкраток фитил и загледаност: клерикот Зилбербрант. Оној кој мисли е во опасност и во дофат на матното.

Така е тоасоактуелизацијата на оваа драма, но историзацијата на фантастичните прилагодби, кои Крлежа со заборавот на Легендите ги припитомува и ги притајува во драмата, би можела да биде многу поинтересна и поделотворна.

Глембаеви едноставно не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на стварност, но со резултанти на фикција. Или обратно, како што сугерира Гавела, тврдејќи дека глембаевските ликови никогаш не се обидуваат да ја сокријат својата литературна провиниенција.Камо среќа да имавме во времето на таа драма, а и во некогашната наша социјалистичка стварност, така хумани, па и демагошки хумани, добростоечки богаташи наклонети кон духовност од секој вид, од религиска до артистичка, кои на своите синови би им овозможиле повлекување или би им допуштиле бегство во уметничка бесполезност. Да имавме такво нешто, ние денес немаше да бидеме сведоци на анимална акумулација на капиталот и распад на секаква присебност.

Додека во актуелизираниот пристап на Глембаеви песимистичките изводи само растат, а надежта иронично се појавува само во сувопарни, лепливи плаштови на религиската казуистика, историзацискиот пристап нуди некои премини. Глембаевското богатство создава своја одговорност: Бароницата основа добротворни установи, Пуба до запирка ги проучува опозициските весници, Леоне му купува Сингерка на алчниот пролетаријат. Тоа не е многу, но во пристапот кој повикува на актуелизација, нема ама баш ништо што би нè помрднало, ни нагоре ни надолу.

Во смисла на овој можен дуализам на драмата Глембаеви се движи режисерската и амбициозната сценска оператива.Можно е да се насети дека се работи за горчлив, но не баш песимистичен пристап, кој отфрла секакво придвижување и преминување во реторичност, слаткоречивост од секој вид, во она што Адорно го нарекува вулгарен идеализам.

Нема спас во нацијата, нема ни морал, нема религиозност, спасение, совест. Има матново нас и со признавањето на таа матнина, да основаме еден поодржлив свет на неподнослива чувственост и изнудена човечност.

МИРОСЛАВ КРЛЕЖА

Роден е во 1893 г. во Загреб. Образованието го започнал на Военото кадетско училиште во Печуј. За време на Првата светска војна, Крлежа е пратен на фронтот во Галиција. Иако во војната бил кратко поради болест, тоа било доволна инспирација за голем бројподоцнежни дела. 

Крлежа е исклучително сестран писател и нема книжевен жанр кој не го испробал. Врв на романескниот опус на Крлежа се Знамињата,  а на поетскиот  Балади на Петрица Керемпух.

Критичарите се согласуваат дека постојат три драмски тематски циклуси на Крлежа. Во првиот спаѓаат симболичките и лирски интонирани драми собрани во збирката Легенди (Легенда, Маскарада, Микеланџело Буонароти, Кристофор Колумбо, Краљево, Адам и Ева). На вториот тематски циклус му припаѓаат драмите кои се занимаваат со воена тематика и во кои се прикажани општествените услови малку пред распадот на Австро-Унгарија. Тоа се Голгота, Галиција, Вучјак, Во логорот – драми настанати во почетокот и средината на дваесеттите години на 20 век. Третиот тематски круг е воедно и најпознатиот, а Крлежа го пишувал под очигледно влијание на нордиските драмски автори Ибзен и Стриндберг. Нему му припаѓа трилогијата Глембаеви, која ги вклучува драмите Господа Глембаеви, Во агонија, и Леда каде Крлежа се занимава со пропаста на богатите загрепски граѓански фамилии.

Кон првиот тематски циклус се припишуваат и драмите напишани или редактирани кон крајот на педесеттите и раните шеесетти: Аретеј и Салома.

БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

Роден е во 1955 г. во Загреб. Пред да се запише на Академијата за драмски уметности, кадешто дипломирал театарска режија, студирал филозофија и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Неговите први претстави се поврзани со театарската група Coccolemocco, која ја основал и уметнички ја предводел од својата петнаесетта година, а била една од најзначајните алтернативни групи во седумдесеттите години во поранешна Југославија.

Во подоцнежниот период, Брезовец режирал во националните и репертоарни театарски куќи низ цела поранешна Југославија и во странство (Велика Британија, Узбекистан, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Италија), работел на различни жанрови (опера, мултимедијални спектакли, „метафизички комедии“ итн.), како и во мултикултурни средини со Албанци, Турци, Унгарци, Велшани, Роми...

Неговиот иновативен драматуршки пристап е проширен преку поврзување на различни текстови, култури, контексти, јазици, режисерски и актерски стилови во една претстава.

Неговите претстави имаат гостувано и се наградувани на речиси сите најважни фестивали во поранешна Југославија и на сите континенти.Во Македонија, Брезовец има режирано дваесетина претстави низ театрите во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп. 

Глембаеви е негова втора режија во Прилеп. Во 2010 г. ја постави битовата драма Антица, која гостуваше на престижниот фестивал Euroszene во Лајпциг.

Од 2002 г. е професор на загрепската Академија за драмски уметности, на катедрата за театарска режија.

 

инспициент: ЕленаИваноска; суфлер: ЛилјанаБатлеска;реквизитер: ГоцеНаумоски;гардеробер: СнежанаЃорѓиоска;фризер-перикер: ДаринкаБогоеска;декоратери: Роберт Стојкоски, СашоСмоквоски, ВладимирВладимироски, ЈанеЈанкулоски, ЗлаткоАпостолоски;заварувач: ГоцеТодороски; дизајн на плакат: Дејан Драгосавац-Рута

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦК„Марко Цепенков“ Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“

Премиера 05.06.2019 „СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ“

Од Биљана Србљановиќ

Режија: Милош Б. Андоновски

Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија: Наташа Вчкова

Костими: Марта Дуфне Јосифовска

Играат:

ЈАСМИНА МИЦОВСКА СТАНКОСКА - НАДЕЖДА

ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ - ВОЈИН

КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА КЛИНЧЕСКА - МИЛЕНА

ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ - АНДРИЈА

IMG_9152.jpg IMG_9088.jpg постер нов.jpg IMG_8622.jpg IMG_8902.jpg IMG_9099.jpgj.jpg

КРАТОК ТЕКСТ ОД РЕЖИСЕРОТ МИЛОШ Б. АНДОНОВСКИ ЗА ПРЕТСТАВАТА

Оваа претстава е претстава за детството. Топла е, истовремено и незгодна. Приказните кои ги гледаме оставаат еден горко-сладок вкус зашто некои нешта можеби и не требале да бидат такви, додека пак други, за среќа, не се случиле поинаку.Оваа претстава му се обраќа секому.

Војин и Милена, Андрија и Надежда се децата од нашата улица. Тие се децата од нашето маало, од нашето детство; тие се децата од нашето време; децата кои што сме и деца какви што нема да видиме - државата страшно превоспитува.

КРАТОК ТЕКСТ ОД ДРАМАТУРГОТ ЛИДИЈА М. ЃОРЃИЕВСКА ЗА ПРЕТСТАВАТА

Семејни приказни е претстава која преку играта на децата го прикажува светот на возрасните. Дејството се случува на едно запуштено детско игралиште, каде што децата си играат семејство, а преку својата игра умешно ги прикажуваат деликатните семејни односи, но и длабоко вкоренетите патријархални вредности и нормализираното семејно насилство, создавајќи метафора за нефункционалноста на повеќе општествени сфери во деведесеттите години на минатиот век, во една руинирана балканска земја. Секоја од кратките сцени во претставата е приказна за себе. Иако прикажаниот свет најчесто е и физички и морално брутален, гледачот во оваа претстава, збогатена со впечатливи и препознатливи визуелни симболи и музички теми, ќе го препознае своето секојдневие од деведесеттите, кое кај многумина несомнено ќе побуди и носталгија по едно изминато време.

БИОГРАФИЈА РЕЖИСЕР

Милош Б. Андоновски (1989) дипломира театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во 2015 година.Претходно завршува општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", а во 2014 година магистрира на отсекот за културолошки студии при Институтот за македонска литература (УКИМ) во Скопје.Четири години работи како професор по театарска и филмска уметност во меѓународното училиште НОВА.Ги работел претставите „Јас, Селма“ во Младинскиот Културен Центар во Скопје; „Физика на тагата“ според истоимениот роман на Георги Господинов во театарот во Куманово; како и шекспировиот „Хамлет“ во Театарот на Навигатор Цветко во Кино Култура, Скопје.Претставата „Семејни приказни“ е неговиот прв професионален ангажман во прилепскиот театар. На прилепската публика, за прв пат,  ѝ се има претставено со неговата дипломска претстава „Поблиску“ според текстот на Патрик Марбер, во 2015 година, во офф програмата на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

БИОГРАФИЈА НА АВТОРКАТА НА ТЕКСТОТ

Биљана Србљановиќ (Стокхолм, 1970) се вбројува меѓу најистакнатите современи српски драмски писатели. Дипломирала во 1995 година на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што моментално работи како редовен професор. Позната е по својот исклучително смел и политички ангажиран уметнички израз, а нејзини најпопуларни дела се Белградска трилогија, Семејни приказни, Пад, Супермаркет, Америка втор дел, Скакулци, Смртта не е велосипед (да ти го украдат) и други. Нејзините драми се преведени на над дваесет јазици и се изведуваат во многу театри низ Европа и Америка. Уште за време на студиите, Србљановиќ го започнала својот политички ангажман. Иако таа низ целиот свој опус недвосмислено ги изразува своите проевропски ставови и острата критика на современото општество, нејзините драми зборуваат и за интимните проблеми на современиот човек, како што се семејните и меѓугенерациските односи и конфликти.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦК„ Марко Цепенков „- Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Премиера на 17.05.2019

„АРАПСКА НОЌ„
Роланд Шимелфениг
Режија: Зоја Бузалковска
Сценографија и костими: Јулијана Војкова-Најман
Музика: Фолтин
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

IMG_9320.jpg IMG_9446.jpg IMG_9361.jpg 1.jpg IMG_9391.jpg IMG_9258.jpg

Играат:
ХАНС ЛОМАЈЕР – ИГОР ТРПЧЕСКИ
ФАТИМА МАНСУР – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
ФРАНЦИСКА ДЕХКЕ – АНГЕЛА НАУМОСКА
КАЛИЛ – АЛЕКСАНДАР СТЕПАНУЛЕСКИ
ПЕТЕР КАРПАТИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

Инспициент: Елена Иваноска

Суфлер: Лилјана Батлеска
Тон мајстор и дизајн на звук: Томе Темелкоски
Светло мајстор: Ристе Гркоски
Сликар исполнител: Пеце Ристески
Реквизитер: Гоце Наумоски
Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер: Даринка Богоеска
Заварувач: Гоце Тодороски
Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски


Драмскиот текст на Роланд Шимелфениг „Арапска ноќ“ е напишан во 2001 година. Поставен е речиси во сите поголеми и поважни театри, одигран е на многу јазици. Па тогаш, зошто токму оваа драма и зошто по толку многу години?
Овој текст-партитураза пет ликови еигра на жанрови и стилови. Се работи за навистина прекрасна приказна, неверојатно урбана и сензуална, која се движи во необични и сосема неочекувани правци.Таа во себе го спојува Истокот и Западот, грубата реалност и надреалното во сонот, тесниот стан и арапската пустина, можноста да се биде заробен во шише со коњак. Таа варира со стереотипите, отворено зборувајќи за нештата кои обично не ги изрекуваме гласно, а громогласно ги мислиме.
Дејството се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Елементите на трилер (низа стапици, недоразбирања, бркотници, ненадејни пресврти, убиство, љубовен триаголник - кој можеби и не е тоа) ја градат неизвесноста, а приказната која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина.
И покрај големата динамичност, оваа драма води во претстава за осаменоста и за потребата да се преспие сопствениот живот, да се сонува и да се замени реалноста со фикцијата, за да се преживее ноќта. Така, оваа зграда и овие пет луѓе стануваат пресек на целиот свет.
Раскажувањето во трето лице (нешто помеѓу дидаскалија, внатрешен монолог и гласно кажување на сите свои мисли во врска со дејствувањето или однесувањето на другиот), при што нарациите се испреплетуваат, делува какодрамско-музичка партитура. Затоа, во нашата „Арапска ноќ“ создадовме нова структура, во која приказната вкрстено ја раскажуваат еден актерски „полифонен“ квинтет и еден музички квартет, градејќи заедно нонет. И кога би требалопопрецизно да ја дефинирам оваапретстава, тоа би звучело вака:„Арапска ноќ“ - нонет.
Зоја Бузалковска, режисер


 

„Арапска ноќ“ е современа приказна за една чудна ноќ на станарите на еден станбен блок, во една зграда иста како илјадници други, приказна која го прикажува нивното магично отклонување одмеханизмот на секојдневието. Таа вечер, водата мистериозно исчезнува на седмиот кат, aЛомајер – домарот на зградата, токму таму се обидува да ја најде причината за проблемот: таму, на седмиот кат, каде штоживеатФатима и Франциска - заносната и проколната девојка. Карпати, кој живее во блокот отспротива, низ прозорецот ја забележува Францискаи како маѓепсан тргнува кон неа. Фатима го чека својот љубовник Калил, а Францисказаспива пред зајдисонце и не се сеќава на денот што изминал, исто какои секоја вечер. Но таа вечер Калил заглавува во лифтот, а Карпати - во шишето со коњак, во таа соба, во тој стан ист како илјадници други...
„Арапска ноќ“ се состои од пет монолози кои се вешто испреплетени во една комплексна целина. Ваквата форма ја истакнува изолираноста и осаменоста која ја носи модерниот живот во градовите, каде што луѓето живеат толку блискуедни до други, а толку ретко комуницираат меѓу себе. Оваа приказна е проткаена со многу егзотика, не само како контрапункт на задушливоста на животот во градот, туку и како јасна потреба за бегство од секојдневната рутина која ја наметнува современото живеење.

Лидија Митоска - Ѓорѓиевска, драматург


Роланд Шимелфениг е еден од најистакнатите современи драмски писатели. Роден е во Гетинген, Германија, во 1967 година. Неговите текстови се преведени и поставувани на над 20 јазици. Пред да заврши театарска режија во Минхен,работел како новинар и автор во Истанбул, а потоа – како асистент на режија, драматург и драмски автор во Берлин, Минхен и Хамбург. Добитник е на бројни награди за неговите дела, меѓу кои е и најпрестижната награда за драмски писатели во Германија – Елзе Ласкер-Шулер. Пишува на неконвенционален стил, кој често се карактеризира совешто комбинирање на дијалозите со внатрешни монолози и сценски упатства.Негови најпознати драмски дела се „Арапска ноќ“, „Златниот змеј“, „Краткоденица“, „Жена од минатото“, „Еве сум“, „Идоменеј“, „Пеги Пикит го гледа лицето на Господ“, „Животинското царство“, „Push up 1-3“ и други.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦК Марко Цепенков
Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
21.3.2019 премиера

ДЕМОКРАТИЈА

Режија: Кирил Петрески
Автор: Јосиф Бродски
Сценографија: Зоран Николовски
Костимографија: Роза Трајческа-Ристовска
Автор на музика: Марјан Нечак
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Играат:
БАЗИЛ МОДЕСТОВИЧ – Марјан Чакмакоски
ИВАН ПЕТРОВИЧ – Димитар Ѓорѓиевски
ГУСТАВ АДОЛФОВИЧ – Михајло Миленкоски
СЕСИЛИЈА МАРКОВНА – Ангела Наумоска
МАТИЛДА – Димитрина Мицкоска


Превод: Кирил Петрески

„Демократија“ е политичка сатира која духовито и умешно го прикажува неочекуваното воведување на демократија во една мала социјалистичка држава. Демократијата настапува нагло и ненајавено, доаѓа „одозгора“, фаќајќи ги министрите сосема неподготвени, поточно, им доаѓа токму за време на ручекот. Министрите, не губејќи ни минута, ги прекројуваат општествените механизми, прилагодувајќи го целиот поредок на својата една и единствена цел – да останат на власт и да продолжат да се гоштеваат во Палатата. Парадоксално или не, добро востановениот тоталитаризам успешно се задржува и во „демократијата“. Во крајна линија, оваа претстава дава одговор на прашањето – што суштински се менува кога еден политички систем се заменува со друг. Одговорот е – ништо. Апсолутно ништоне се менува.

DSCN1848.JPG 1.jpg DSCN1844.JPG DSCN1863.JPG DSCN1852.JPG DSCN1843.JPG

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 


Изработено од Бучевски Дејан