![]() |
Обѕрни се во гнев Автор: Џон Озборн Режија: Кристина Димитрова Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска Сценографија и костими: Илина Ангеловска Музика: Дарија Андовска Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска Играат: ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА Во реализацијата на претставата учествуваат: Тон-мајстор: Благоја Пепељугоски Светло: Ристе Гркоски Шеф на сцена: Сашо Смоквоски Сликар исполнител: Пеце Ристески Реквизитер: Гоце Наумоски Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска Фризер-перикер: Даринка Богоеска Заварувач: Ордан Тодороски Декоратери: Илија Михајлоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски
Џон Озборнверува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик. „Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светотво којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста... Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан. |