• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Премиери 2016
PDF Печати Е-пошта
Share

ВО СЕНКАТА НА ВЕТРОТ

2016 година

Автор – ПОЛ ЕМОН

РЕЖИЈА -  ЈУГОСЛАВ И. КОЧОСКИ

DSC_3942.jpg Plakat - Vo senkata na vetrot.jpg DSC_3873.jpg DSC_3894.jpg

Сценографија – Бојан Маневски

Костими – Даниела Настоска

Музика – Томе Темелкоски

Драматурзи – Ивана Нелковска и Лидија М. Ѓорѓиевска

Превод од француски и плакат – Елеонора Порјазовска

Кореографија- Кире Миладиновски

Улоги

Жо – Димитар Црцороски

Катрин – Марија С. Илијеска

Кристиан – Катерина Ч. Клинческа

Ивет – Ангела Наумоска

Алекс – Марјан Чакмакоски

Албер – Михајло Миленкоски

Том – Најдо Тодески

Лулу – Наташа Наумоска

Г-ѓа Ирма – Виолета Чакарова

Се работи за претстава во која се говори за  тешкотијата да се сака, да се биде сакан и да постоиш во очите на другите.

- Претставата го претставува длабокото незадоволство и празнина на тие што можат да имаат сѐ и повторно се незадоволни и за тие кои немаат ништо, а се среќни од тоа малку што им го дава животот. Испреплетувањето на дејствието и текот на индивидуалните приказни на ликовите претставува посебен пристап кон сценското прикажување, а воедно дава и посебен клуч по кој може да се следи едно театрско дело. Посебниот начин на пишување и пристап кон ова дело на Пол Емон дава наизменичност во нарацијата од директен говор до гласно кажани внатрешни мисли кои многу често ја изразуваат состојбата на ликовите во сегашноста или пак го пренесуваат своето искуство за тоа што се случило во минатото. Ова специфично третирање на времето како и различните ракурси на гледање на протагонистите за една иста ситуација го надополнува богатството на содржината кое ова сценско дело го нуди – вели режисерот Југослав И.Кочоски.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп, Театар „Војдан Чернодрински“

FIGURAE VENERIS HISTORIAE (Љубовни пози на историјата)

Режисер: Наташа Поплавска

Автор: Горан Стефановски

Сценограф: Емил Петров

Костимограф: Роза Трајческа Ристовска

Музика: Горазд Чаповски, Мизар

Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Дизајн на светло: Милчо Александров

ИГРААТ:

Магнус Хиршфелд – Димитар Ѓорѓиевски

Бароницата – Даниела Иваноска

Баронот – Игор Трпчески

Мајсторот – Зоран Иваноски

Вдовицата – Катерина Чакмакоска Клинческа

Селанката – Јасмина Мицовска Станкоска

Селанецот – Димитар Црцороски

Слугинката – Наташа Наумоска

Студентот – Илија Волчески

Госпоѓицата – Ангела Наумоска

Казненикот – Михајло Миленкоски

За Figurae Veneris Historiae

Во режија на Наташа Поплавска и во изведба на НТ Војдан Чернодрински – Прилеп, на 26ти септември 2016 претставата „Figurae Veneris Historiae“ (Љубовни пози на историјатa) ја доживеа својата македонска праизведба. Автор на текстот е Горан Стефановски, кому како инспирација му послужила книгата “Sittengeschichte des Weltkrieges” – „Неморалната историја на Првата светска војна“ од Магнус Хиршфелд.

IMG 8232

Се работи за претстава која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста. Како што и самиот Стефановски би рекол, војната е организирано насилство, круна на политичката патологија, перверзија на историјата. Но освен големата, позната слика за војната, оваа претстава го прикажува и она што се случува од другата страна на девнополитичките вести, статистиката и пропагандата, а тоа е љубoвта за време на војна, страстите, нагонот, човековите потреби и еротски фантазии. Од другастрана пак, претставта ни покажува и какви последици остава војната врз човечкиот род. Преку личните приказни на колоритните ликови кои доаѓаат од различни слоеви на општеството и ситуациите низ кои поминуваат, публиката ќе може да се препознае себеси.

IMG 8371

Претставата „Figurae Veneris Historiae“ јасно покажува дека војната менува сѐ, тргнува во неочекувани правци, ги трансформира луѓето, ги прави ѕверови, непрепознатливи, различни од порано. Но колку и да изгледа парадоксално, вистинската сила која го придвижува дејството во оваа претстава не произлегува од суровоста и страдањето, туку од љубовта и силните емоции. Наспроти целиот ужас и апсурд на војната, фарсичната драмска структура која ја поставува Стефановски наоѓа начин да нѐ насмее среде хаосот, свирепоста и бескрупулозноста. И овој пат претставата нѐ потсетува дека наспроти војната - лежи љубовта; единствено љубовта успева да опстои и повторно да изникне од под урнатините на војната.

IMG 8842

Подетално на http://figuraeveneris.wixsite.com/historiae

 

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Обѕрни се во гнев

Автор: Џон Озборн

Режија: Кристина Димитрова

Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија и костими: Илина Ангеловска

Музика: Дарија Андовска

Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска

Играат:

ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА

КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ

ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

Во реализацијата на претставата учествуваат:

Тон-мајстор: Благоја Пепељугоски

Светло: Ристе Гркоски

Шеф на сцена: Сашо Смоквоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Наумоски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Заварувач: Ордан Тодороски

Декоратери: Илија Михајлоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

DSCN8930.jpg DSCN8913.jpg programce2-3 (1).jpg programce1-4.jpg DSCN8893.jpg DSCN8943.jpg

Џон Озборнверува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик.

„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светотво којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста... Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Хамлет од Горно Дупени

DSCN8535.jpg Plakatdef.jpg DSCN8527.jpg DSCN8530.jpg

Автор: Иво Брешан

Режија: Кирил Петрески

Драматурзи: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, Ивана Нелковска

Сценски дизајн: Зоран Николовски

Костими: Даниела Настоска

Музика: Томе Темелкоски

Играат:

ПУЉО – Андон Јованоски

БУКАРА – Марјан Чакмакоски

АНЃА – Марија Спиркoска Илијеска

МАЈКАЧА – Наташа Наумоска

МАЧАК – Александар Тодески

ШКОКО – Зоран Иваноски

ШКУНЦА – Димитар Црцороски

ШИМУРИНА – Михајло Миленкоски

Други селани:

Сара Спиркоска

Борче Василески

Надица Дојкоска

Глорија Талеска

Давид Папазоски

ЕвгенијаЈакимоска

Емилија Чавлеска

Во реализацијата на претставата учествуваат:

Тон-мајстор: Благоја Пепељугоски

Суфлер: Лилјана Батлеска

Светло: Ристе Гркоски

Шеф на сцена: Сашо Смоквоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Наумоски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Заварувач: Ордан Тодороски

Декоратери: Илија Михајлоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 


Изработено од Бучевски Дејан