Печати

“Сон на летната ноќ“ пред публиката
Сон на летната ноќ“ од В. Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ е претставата која театарот “Војдан Чернодрински“ премиерно ја прикажа на 2 октомври на матичната сцена. Претходно претстават се играше на “Битола Шекспир фестивалот“ и на МОТ.


- Најголема провокација е што првпат се среќавам со Шекспир како автор. Се почувствував зрела да го истражувам, да пробам да го осовременам. Го отворам делото од психолошки аспект и го истражувам дуализмот на човековата природа или метаморфозата на човечката состојба. Пробав да ги подвлечам двата контраста - разумот што е одлика на кралството во претставата и чувставата што се одлика на шумата. Сакав во кралството да го истакнам моралот кој е лажен, а во шумата сакав да излезат вистинските страсти и она што е либерализам и слобода на говор и мислење. Водена од новиот германски театар востановив знаковен систем на режија, кој се прекршува со реалистичното толкување со математички мизансцен и со актерски креации. Претставата осцилира меѓу режијата и силната актерска игра - вели режисерката Нела Витошевиќ.
Во претставата играат Игор Ангелов, Даниела Иваноска, Игор Трпче, Марија С.Илијеска, Катерина Чакмакоска, Зоран Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Ирена Мирческа и Михајло Михајлоски.
Автор на сценографијата е Костатин Трпеновски, музиката е на Огнен Анастасоски, костимите на Розе Трајческа. На гитара настапува Димитар Ѓорѓиевски.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.