![]() |
Премиерно прикажана претставата "Антиумешност" "Антиумешност", во режија на Саша Нацевски, трета година студент на ФДУ - отсек режија во класата на професор Слободан Унковски, е претставата на ЦК "Марко Цепенков", што премиерно беше прикажана на 14 септември 2012 година . Се работи за урбана претстава работена по текст на австралискиот драматург Алекс Браун. - ,,Антиумешност,, е преглед на односите меѓу луѓето во новиот милениум, енциклопедија на уметноста на ,,ќарувањето,,. Реплики кои сите ги знаеме и реплики кои посакувате никогаш да не сте ги слушнале... На што ли се сведе нашиот свет? Се изгуби ли љубовта? Една обично излегување во градот никогаш повеќе нема да биде исто - вели режисерот Нацевски, кому ова му е втора претстава, по 33 со Младинското драмско студио. Играат актерите Никола Настоски и Милан Секулоски, студентите на ФДУ - Димитрина Мицкоска, Илија Волчески и Ирена Мирческа и Дарко Карбески, младинец од МДС. Центарот претставата ја реализираше со сопствени средства. |