• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Премиерно прикажана монодрамата ,,Јустинијан први,,

На 18 октомври 2012 година во ЦК,,Марко Цепенков,, премиерно беше прикажана монодрамата "Јустинијан Први" по текст од Јордан Плевнеш во изведба и режија на актерот Петар Темелковски. Текстот е праизведба, а Темелковски го направи и изборот на музиката.

- Претставата е последната вечер од животот на Јустинијан Први, еден од најголемите римски императори, кој потекнува од скопски Таор. Задоволство ми беше да го пренесам неговиот лик - вели Темелковски.

Костимите и сценографијата се на Тихомир Спировски.

Претставата е поддржана од Министерството за култура.       

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Премиера на претставата,, Многу врева за ништо,,

,,Многу врева за ништо,,( Од влакно ортома) од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Ива Милошевиќ, е  претставата која на 21.10. 2012 од 20 часот премиерно ќе ја изведе театарот ,,Војдан Чернодрински,, од Прилеп.  Шекспир е во превод на Драги Михајловски.

,,Многу врева за ништо,,  е современа претстава.

- Претставата одлично коренспондира со духот на времето во кое живееме, време кое се одликува со борба за моќ и освојување на општествениот статус. Во таа игра, бракот и животниот сопатник се доживуваат како уште еден трофеј со кој се потврдува сопствената моќ. Ваквиот систем на вредности е виновникот за денешниот сеприсутен циничен однос кон љубовта. За среќа, љубовта е жилава билка која никнува баш таму кај што најмалку ја очекуваме,, - вели  режисерот Милошевиќ.

Играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Никола Настоски, Александар Степанулески, Андон Јованоски, Владимир Ѓорѓијоски, Марјан Чакмакоски, Наташа Наумоска и Даниела Иваноска.

          Сценограф е Горчин Стојановиќ, костимограф Раде Василев, а режисерката Ива Милошевиќ, го направи изборот на музиката. 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Премиерно прикажана претставата "Антиумешност"

"Антиумешност", во режија на Саша Нацевски, трета година студент на ФДУ - отсек режија во класата на професор Слободан Унковски, е претставата на ЦК "Марко Цепенков", што премиерно беше прикажана на 14 септември 2012 година . Се работи за урбана  претстава работена по текст на австралискиот драматург Алекс Браун.

          - ,,Антиумешност,, е преглед на односите меѓу луѓето во новиот милениум, енциклопедија на уметноста на ,,ќарувањето,,. Реплики кои сите ги знаеме и реплики кои посакувате никогаш да не сте ги слушнале...

На што ли се сведе нашиот свет? Се изгуби ли љубовта? Една обично излегување во градот никогаш повеќе нема да биде исто - вели режисерот Нацевски, кому ова му е втора претстава, по 33 со Младинското драмско студио.

Играат актерите Никола Настоски и Милан Секулоски, студентите на ФДУ - Димитрина Мицкоска, Илија Волчески и Ирена Мирческа и Дарко Карбески, младинец од МДС.

          Центарот претставата ја реализираше со сопствени средства.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Премиерно прикажана претставата " Од кол на кол 2 "

" Од кол на кол 2 " во режија на Коле Ангеловски е новата претстава која театарот при Центарот премиерно ја прикажа на 18 јули 2012 во рамките на манифестацијата ,,Цело лето - културно лето,,. Претставата е продолжение на култната " Од кол на кол 1 " која досега во изминатите пет години се одигра близу 80 пати.

Прилепчани гледаа уште една убава  претстава со смеа и за уживање.

 -Првиот дел постигна голем успех не само за прилепски, туку и во македонски рамки. На репертоарот е четири - пет години. Се бара билет повеќе, и денеска кога се игра. Случајно го пронајдов продолжението на првиот текст и  тоа беше добра основа за нова претстава  " Од кол на кол 2 ". Текстот е многу смешен. Кога го преведував направив адаптација. " Од кол на кол 2 " е весела, позитивна и " откачена претстава " во која публиката  ужива - вели Ангеловски, посочувајќи дека текстот е праизведба во Македонија.

Во претставата играат актерите Најдо Тодески, Трајче Иваноски, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Цена Чавлеска, Влатко Ѓорѓиоски и Наташа Наумоска.

ЦК " Марко Цепенков " целосно финансиски ја покрива премиерата на претставата.                         

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Премиерно прикажана ,, Змејовата невеста,,

“Змејовата невеста” во режија на Нела Витошевиќ, е претставата што театарот ,, Војдан Чернодрински,,  премиерно ја прикажа на 30 мај. Работена е по текст на Димитар Г. Молеров, во кој се опфатени универзални и современи проблеми, а структурата е интересна. Претставата говори за забранета љубов меѓу девојка и змеј. Направивме интересна бајка, во која одлично се вклопи музиката на Огнен Анастасовски. Многу ми е драго заради соработката со Прилепскиот ансамбл кој има одлична енергија за работа - вели режисерот Витошевиќ.

Играат: Марија С.Илијеска, Зоран Ивановски, Игор Трпче,  Наташа Наумоска, Димитар Горѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Даниела Ивановска, Катерина Чакмакоска, Ангела Наумовска, Александар Степанулески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Црцороски, Никола Настоски, Александар Тодески.

 Сценограф: Констатин Трпеноски

 Костимограф: Роза Трајческа

 


Изработено од Бучевски Дејан