Печати
Напишано од Administrator   
Понеделник, 10 Декември 2018 10:26

Изложба „Постварување„ од Сотир Хаџи Николов
„Постварување“ од уметникот Сотир Хаџи Николов е тематската изложба што е отворена во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“(7.12. – 20.12.2018). Изложбата, слики и објекти, е финансирана од Министерството за култура.
Магдалена Стојмановиќ ќе посочи дека со прикажаното творештво Сотир Хаџи Николов прави поимно врзување со ликовното и на смисловно адекватен начин со уникатни средства говори за постварувањето, феномен кој е длабоко вкоренет во модерните општества кој посебно го тангира поединецот од современието во западниот културно-политички контекст.
Стефан Марковски пак истакнува дека уметникот ги трансцендира ограничувањата кои го сведуваат на ресурс и станува модерен, вистински авангарден Прометеј кој со својот „од бога даден“ факел успева да ја пронајде својата местоположба и движење низ м(рак)озаикот на стварноста осветлувајќи го својот индивидуален пат на себеразвој и себеоткровение.
Сотир Хаџи-Николов од Гевгелија дипломирал на ФЛУ во Скопје, отсек сликарство. Член е на ДЛУГ, како и на Мултимедија центарот во Гевгелија. Има учествувано на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија како и на повеќе групни изложби.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
Последно освежено на Понеделник, 10 Декември 2018 10:32