Печати

Изложба на графики од Симона Јакимовска

Во галеријата од ЦК„Марко Цепенков“ е отворена изложба на графики од уметницата Симона Јакимовска, која се претстави со 25 дела.(3 -9.10.2018). Отворањето на изложбата предизвика голем интерес кај посетителите. Особено кај учениците од средните училишта, кои имаа можност на лице место да се запознаат со графиката како техника.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека графиката денес е една од најмалку истражените техники особено на полето на современиот ументички јазик и развојот на современата технологија.

- Уметницата Јакимовска се претставува со графики и цртежи кои се внимателно креирани во последните неколку години. Творештвото на уметницата проектира апстрактно асоцијативни теми, кои претставуваат нејзин основен и примарен терен на истражување, меѓу кои и се вбројуваат и темите кои се однесуваат на постојаната промена на материјата и духовните состојби изразени преку линијата, точката, кругот, бојата – посочи Димеска.

Симона Јакимовска завршила ФЛУ, отсек графика и досега реализирала неколку самостојни изложби.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.