Печати

Аплаузи за Октетот Прилеп во Охрид
Октетот "Прилеп" учествуваше на 25 традиционални "Охридски староградски песни" на кои се претстави со дел од богатиот репертоар на староградска музика ( 28.09.2013 ). Охриѓани задоволни со аплаузи ги наградија членовите на октетот по изведбите на "Немој Маре", "Дај ми вино Трено", "Простено ти е", "Ако бевме заедно". На бис ја исполнија "Пусти мерак Ратке".
Октетот "Прилеп" подолги години ја одржува традицијата за староградска песна, работејќи под закрилата на ЦК "Марко Цепенков".
Октетот досега има издадено три албуми со 40 композиции.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.