Печати

Изложба на слики од колонијата Дрен 2013

Во изложбениот салон (6.9.2013) отворена е изложба на слики од колонија Дрен, која се одржа од 28 јуни до 7 јули годинава. Со изложбата се затвори годинешното Прилепско културно лето. Љубителите на ликовната уметност имаат можност да се запознаат со 60 дела (Пејзажи, апстракции, мртва природа...) што ги создадоа уметниците од Македонија, Русија, Бугарија, Словенија.

Изложени се дела од Малка Малкова, Светлана Вахнина, Александар Белугин од Русија,  Павлинка Маркова - Копано, Светлозар Недев и Корнелија Марган од Бугарија, Лучка Шпаровец од Словенија, како и македонските сликари Христина Зафировска, Силвана Атанасовска, Владимир Кнежевиќ - Путец, Олгица Антовска, Богданка Барутовска, Николета Стојческа, Елица Димитрова и Тони Чатлески.    


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.