Печати

Изложба на слики од Лилјана Ристеска

Во ликовниот салон на Центарот е отворена изложба на слики од Лилјана Ристеска ( 3.5 до 13.5.2019). Ова е првата самостојна изложба од Лилјана Ристеска, која аматерски се занимава со сликарството.
Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која потенцираше дека станува збор за сликарски платна на кои се претставени мотиви на пејзажи и мртва природа изработени во техники акрил и масло на платно.
- Пејзажите на Ристеска се одликуваат со стабилна конструкција и перспектива. Разбирањето на бојата, играта меѓу сенките и светлината повеќе е од очигледна. Јасно е воочлива нејзината посветеност на обработката на деталите, кои во суштина ја нагласуваат и водат нарацијата на композицијата... Сликарските платна на кои се обработува мотивот на мртва природа изобилуваат со детална и мунициозна изработка на деталите. Личниот потег при сликањето во суштина пидонесува за квалитетот на севкупната наративност. Чувството за наративна поставеност, мунициозната обработка на предметите, чувството за боја, контраст, играта на сенките и светлината, сведочат за извонредниот уметнички талент и набљудувачкото око на уметницата и нејзината предаденост при реализацијата на сопствената артистичка визија -посочи на отворањето на изложбата Димеска.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.