Печати

„DIDYMUS 2019“изложба од Александра Ацеска

„DIDYMUS (Близнакот)“ е тематската изложба од уметницата Александра Ацеска што e отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“( 19.04. до 2.5.2019). Ова е втор самостоен проект на авторката, што е инспириран од дваесет и втората изрека во Житието по Тома. Проектот Didymus е продолжение на претходните истражувања на авторката.
-Во Didymus акцентот е на двете спротивни крајности на целината. Оваа тема го привлече моето внимание поради дуалистички светоглед како перспектива, кој е делумно оформен од влијанијата на поднебјето (идеологија, религија) и делумно е во природата на мојот карактер. Од тука и насловот на изложбата, Didymus, што во превод значи Близнак (еврејски. תאומא; грчки. Διδυμος, Томас или Близнакот) - вели Александра Ацеска, потецнирајќи дека во изложбата пробала да ја трансформира галеријата и да „изложи“ атмосфера и целина.
Според неа во просторот посетителите се соочени со атмосфера која може да ја перцепираат со сите сетила – визуелно, аудитивно, преку мирис, вкус и допир.. Изложени се објекти, инсталации, фотографии, суминагаши печати, цртежи, слика и аудио композиција. Покрај ликовните дела просторот го оформуваат и суптилни елементи. Мирисот, музиката, светлината од свеќите и течностите, го вовлекуваат посетителот во една мистична атмосфера, каква што прилега на симболите искористени во ликовниот јазик.


Александра Ацеска дипломирала сликарство во класата на проф. м-р Благоја Маневски со модул графички дизајн во класата на проф. м-р Ладислав Цветковски на ФЛУ Скопје. Нејзиното поле на интерес и истражување е на границата помеѓу видливото и невидливото, духовното и неговата манифестација во материјата и табуата на новото време (традиција, религија, фамилијарни и интерперсонални односи), а тоа го доловува со експериментирање со природни материјали и несекојдневни техники на творење.
Добитник е на неколку награди за млад уметник.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.