Печати

"Скулптури на новото време 2013"

Во галеријата на Центарот е отворена биеналната скулпторска изложба "Скулптури на новото време 2013" (27.9.2013 - 10.10.2013), на која се изложени скулптури од 19 уметници од Македонија, меѓу кои и на петмина прилепчани.

На изложбата се претставуваат:
Александра Богоеска - "Девојка", камен, 30х30х9, 2012 - Прилеп
Марјан Стојаноски - "Јас и ти", дрво, 38х86х20, 2012 - Прилеп
Влатко Зафирковски - "Девојче", дрво и метал, 34х10х35, 2010
Ристо Станковски - " Далечина ", комб.34х34х34, 2013
Александар Јанев - " Скулптура 1 " - дрво, метал, 20х20х52, 2011
Јордан Јанев - "Танцхерка ", дрво,метал, 10х10х52, 2002
Маја Танева - "154 ", калај, сајла, комб., 17х23х16, 2013
Беди Ибрахим - "Карма", комб.26х10х10, 2013
Нела Јанковска - " Вресок", комб. 43х23х15, 2012
Ангел Коруновски- "24", мермер и гранит, 24х30х13, 2013
Сашо Саздовски - " Премин " , мермер, 10х10х24, 2013
Бранко Величковски - "Неготинка ", теракота, 36х14х18, 2006
Горан Ѓорев - "Зближување", мермер, 47х10х15, 2011
Емил Солески - " Дувло", алуминиум, 30х30х30, 2013 -Прилеп
Атанас Атанасоски - " Цик-цак орнамент ", мермер, 22х22х22, 2013 - Прилеп
Томе Бундевски - "Енигма на љбовта", мермер, 40х28х15, 2013
Влатко Николоски - "Дуализам ", мермер и лискун, 27х27х45, 2013 - Прилеп
Димитар Самарџиев - "Жена " , бронза и дрво, 46х35х20, 2013
Стојче Тоциновски - "Гитарист ", бронза, 20х17х14, 2005
..."Менувањето на просторот во којшто се движиме и делуваме отсекогаш бил предизвик за креативни автори коишто без оглед на радикалноста биле спремни да ги споделат своите идеи со пошироката публика. Ништо не е толку моќно во просторот како што е оригинална авторска скулптура којашто прави конекција помеѓу гледачот, авторот, просторот и времето. Можеби на оваа изложба ќе препознаете токму такво дело што ќе ве освои на прв поглед...вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста, од ЦК од Куманово.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.