Печати

Изложба на слики од Владимир Темков

Во галеријата на ЦК"Марко Цепенков", во рамките на Прилепското културно лето, е отворена изложба на слики од уметникот Владимир Темков од Кавадарци. (23.8. - 13.9.2013). Со изложбата Темков, кој се претставува со 30 дела,  одбележува 30 години уметничко творештво.

Владимир Темков завршил Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, а од 2001 година е член на ДЛУМ. Автор е на над 60 самостојни изложби во земјава и во странство,( Франција, Бугарија, Хрватска, САД), учесник на бројни групни постановки и колонии и од 1996 организатор на Меѓународната ликовна колонија во Кавадарци. Во 2011 година бил на студиски престој во Париз, Франција. За своето творештво уметникот е добитник на повеќе награди и признанија.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.