Печати

ДРЕН 2008

Манастирскиот комплекс ,,Св. Илија,, во селото Дрен повторно беше местото за дружба на уметници, бидејќи од први до деветти јули 2011 се одржа ликовната колонија ,,Дрен 2008,,. На колонијата, која се етаблира како реномирана ликовна манифестација во земјата, учествуваа  уметници од Македонија, Србија и Бугарија.

Во убавата природа на манастирот, твореа:
Сергеј Дамовски
Владимир Кнежевиќ
Тони Чатлески

Силвана Атанасовска
Маја Стефановска
Христина Зафировска
Емилија Ѓорѓиоска
Мирослав Стојановиќ
Александра  Дунимаглоска
Наталија Мијатов
Јасмина Селиг од Србија
Гергана Аначкова
Венера Константинова  од Бугарија.

 

  Колонијата ,,Дрен 2008,, се организираше  по четврт пат со подршка на Министерството за култура. Инаку, во изминатите три години на колонијата Дрен се создадоа стотина слики, кои се трајно наследство на Центарот и на државата.