• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

СТРЕМЕЖ
PDF Печати Е-пошта
Share

ОБЈАВЕН ПРВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“ ЗА 2022

Корица Стремеж 1 2022Првиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ за 2022 година излезе од печат.

Во рубриката Режисерите пишуваат застапени се песни и расказот „Сеништето од кино Младина“ на Наум Пановски, есејот „Уметност, насилство + општество; тон, ритуал и функција; неколку белешки“ на Милчо Манчевски, песни и запис на Антонио Митриќески, „Четири белешки на качувачот по пирамиди“ на Горан Тренчовски, есејот „Мојата прва книга“ на Звездана Ангеловска, расказот „Кај што Брисел оди пеш или санитарен преглед на нашите европски интеграции“ на Дарко Митревски, „Забелешки за претстави“ на Мартин Кочовски и три куси прози на Ана Алексовска.

Во рубриката Поезија во првиот број на „Стремеж“ за 2022 година се објавени нови песни од Сузана Ѓорѓиевска, Весна Мундишевска-Велјановска, Филиз Мехметоглу, Наташа Сарџоска и Тања Крмзова Костиглиола.

Во рубриката Проза читателите можат да ги прочитаат расказите „Авантура“ на Оливера Николова, „Невен Невин“ на Петар Петрески, „Планот на куќата“ на Сашо Димоски, „Даскалот...“ на Јована Матевска-Атанасова, „Рушете ги предрасудите, а не оградите“ на Благица Ѓорѓиевска, како и пет куси-куси раскази на Даниела Андоновска-Трајковска.

Рубриката Нови гласови ја промовира поезијата на младата македонска авторка Исидора Хениг.

Овој број на „Стремеж“ преку препевот на Никола Маџиров ја претставува поезијата на годинешниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ - Шунтаро Таникава. Исто така, во рубриката Препеви, преводи застапена е поезија на нобеловката Луиз Глик во препев на Никола Маџиров, песни на српскиот автор Милош Лазаревиќ препеани од Сашо Огненовски и раскази на словенечкиот писател Андреј Блатник преведени од Лидија Димковска.

Во рубриката Критики, есеи, студии Васил Тоциновски пишува за монодрамата „Т҆ га за југ“ на Душан Ристевски-Македон, Оливера Ќорвезироска го интерпретира романот „Хотел меѓу две војни“ на Александар Русјаков, Весна Мојсова-Чепишевска посветува омаж на Чашуле, а Звонко Димоски ја чита кратко визуелно и културолошки драмата „Трудници“ на Габриела Стојаноска-Станоеска.

Последната рубрика IN MEMORIAM им оддава чест на авторите Радован Павловски, Луан Старова и Драги Михајловски преку спомените за нив на Иван Антоновски во текстот „Незгаснато соѕвездие“.

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Stremez Korica8 02ОБЈАВЕНO СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“ 2 ЗА 2021

Новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 2 за 2021 излезе од печат.

Во рубриката Проза читателите можат да го прочитаатрасказот „Стар коњак“ на Влада Урошевиќ и расказот „Коњак Ѕамбало*“ на Венко Андоновски кои се во многу интересен тематски спој, а исто така и кусите прози „Трактат за љубовта“ на Тихомир Јанчовски, „Исто или не“ на Габриела Стојаноска-Станоеска, како и извадокот од необјавениот роман „Потклек“ на Љупчо Петрески.

Во рубриката Поезија во вториот број на „Стремеж“ за 2021 година се објавени нови песни од Ерол Туфан, Виолета Танчева-Златева, Митко Гогов, Слаѓана Атанасова и хаику поезија од Васко Марковски. 

Во рубриката Препеви, преводи застапена е поезија од швајцарската писателка Илма Ракуза во препев на Никола Маџиров, песни од турскиот поет Зафер Јалчинпинар во препев на Филиз Мехметоглу и извадок од романот „Под површината“ на полската писателка Едита Њевинска преведен од полски на македонски од Звонко Димоски.

Рубриката Критики, есеи, студии гисодржи освртите наЛидија Капушевска-Дракулевска за романот „Лебед“ од Ана Стојаноска, на Марија Ѓорѓиева-Димова за романот „Скриени желби, далечни патувања“ од Владимир Јанковски, на Фросина Пармаковска за романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска, како и рецензиите на Сузана Ѓорѓиевска „Пет куси-куси критики за пет прилепски автора (Љубица Трајкоска, Божана Тренческа, Тони Павлески, Габриела Стојаноска-Станоеска и Љупчо Петрески). Во оваа рубрика поместени се и текстовите на Тодорка Балова и Иван Антоновски посветени на Блаже Конески и неговaта поезија.

Рубриката Театар преку фрагменот „Могила“ го промовира драмскиот текст „Рокеришта“ на Сашо Блажески.

Во рубриката Ликовна уметност Каролина Мицеска се осврнува на творештвото на акварелистот Илија Миноски во текстот „Миноски-творец на мигот“.

Последната рубрика IN MEMORIAM е потсетување на песните, животот и делотона литературниот критичар, теоретичар и писател Атанас Вангелов, а го содржи и текстот на Иван Антоновски „Слово за професорот Вангелов“.

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

„СТРЕМЕЖ“ 1 за 2021

Stremez 1 2021Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“1 за 2021 тематски е посветен на одбележување на 100-годишнината од раѓањето на великаните Блаже Конески и Коле Чашуле.

Во рубриката Разговор со Конески објавени се прегледи, студии, осврти и сеќавања на творештвото и ликот на Конески од авторите: Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски, Димитар Пандев/Марија Пандева, Миле Спирковски, Игор Поп Трајков и Снежана Каратошеска. Застапена е и поезија и проза на повеќе автори кои со почетните текстови се обраќаат на Конески и неговото дело: Христо Петрески, Филиз Мехметоглу, Весна Ацевска, Љубица Трајкоска, Мирјана Недева и Тања Аждаја.

Во рубриката Дијалози со Чашуле читателите можат да ги прочитаат првпат и постхумно објавениот расказ на Коле Чашуле „Незабошотеното кафе“, анализи и записи за неговото драмско творештво од авторите Ацо Гогов, Ана Стојаноска, Иво-Митев-Жиле и Каролина Мицевска, како и книжевни текстови инспирирани од неговиот лик и дело на Сузана Ѓорѓиевска и Сашо Димоски.

Рубриката Поезија на летниот број го претставува поетскиот циклус „Поле на волшепства“ на поетот академик Влада Урошевиќ.

Во рубриката Златен венец на Струшките вечери на поезијата застапена е поезија на овогодинешниот лауреат – поетесата Керол Ен Дафи.

Рубриката Препеви, преводи донесува прва објава на македонски јазик на поезијата на реномираниот турски поет Метин Елоглу во препев на Филиз Мехметоглу, а исто така и песни од новиот италијански глас, младиот поет Џерардо Масучо препеани од Наташа Сарџоска.

Во рубриката Критики, есеи, студии објавен е есејот „Силјан Штркот како втемелувачки национален наратив“ на Елизабета Шелева во кој се изнесени согледби и книжевни и вонкнижевни паралели меѓу текстовите на Марко Цепенков, Митко Маџунков и македонската актуелна стварност (на егзистенцијален и идентитетски план).

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

изданието може да се види на следниот линк

 
PDF Печати Е-пошта
Share

„СТРЕМЕЖ“  2 за 2020 г.

Stremez-20201Во рубриката Поезија во вториот број на „Стремеж“ за 2020 година се објавени нови песни од Васил Тоциновски, Слободан Беличански, Марина Икономова-Шокева и хаику поезија од Пере Ристески. 

Во рубриката Проза читателите можат да прочитаат куси прози од Митко Маџунков, Светлана Камџијаш, Ана Стојаноска, триптих раскази од Сашо Димоски и извадок од необјавениот роман „Деса“ на Ивана Трајаноска.

Во рубриката Нови гласови, „Стремеж“ во вториот број ја промовира поезијата на македонската авторка Мариета Дукиќ.

Во рубриката Препеви, преводи застапена е поезија од Васко Попа и од Новица Тадиќ во препев на Никола Маџиров, песни од албанскиот поет Ариан Лека во препев на Сашо Огненовски и песни од полската поетеса Кристина Домбровска препеани од полски на македонски од Звонко Димоски.

Во рубриката Критики, есеи, студии Љјерка Тот-Наумова пишува за поетската збирка „Кристален дворец“ на Игор Поп Трајков, објавена е интерпретацијата на прозата „Последната новела“ на Тања Урошевиќ од страна на Елизабета Баковска, рецензијата на Марија Ѓорѓиева Димова за романот „Страв од варвари“ на Петар Андоновски, есејот на Добрила Грашеска за расказите од „Приказни за краткоста“ на Габриела Стојаноска-Станоеска, освртот на Елена Конеска за романот „Свинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски и промотивната реч на Габриела Стојаноска-Станоеска за романот „Каде што реката го бакнува небото“ од Билјана Тинтоска.

Последната рубрика Драма, Театар го промовира драмскиот текст „Спортска му е мајката“- комедија од Сузана Ѓорѓиевска.

Списанието „Стремеж“, ЦК „Марко Цепенков“ го издава со поддршка на Министерството за култура.

изданието може да се види на следниот линк

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Eлектронски СТРЕМЕЖ 1 - 2020

изданието може да се види на следниот линк

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ОБЈАВЕН НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“

Stremez-20201Новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ деновиве излезе од печат.

Во рубриката Поезија во вториот број на „Стремеж“ за 2020 година се објавени нови песни од Васил Тоциновски, Слободан Беличански, Марина Икономова-Шокева и хаику поезија од Пере Ристески. 

Во рубриката Проза читателите можат да прочитаат куси прози од Митко Маџунков, Светлана Камџијаш, Ана Стојаноска, триптих раскази од Сашо Димоски и извадок од необјавениот роман „Деса“ на Ивана Трајаноска.

Во рубриката Нови гласови, „Стремеж“ во вториот број ја промовира поезијата на македонската авторка Мариета Дукиќ.

Во рубриката Препеви, преводи застапена е поезија од Васко Попа и од Новица Тадиќ во препев на Никола Маџиров, песни од албанскиот поет Ариан Лека во препев на Сашо Огненовски и песни од полската поетеса Кристина Домбровска препеани од полски на македонски од Звонко Димоски.

Во рубриката Критики, есеи, студии Љјерка Тот-Наумова пишува за поетската збирка „Кристален дворец“ на Игор Поп Трајков, објавена е интерпретацијата на прозата „Последната новела“ на Тања Урошевиќ од страна на Елизабета Баковска, рецензијата на Марија Ѓорѓиева Димова за романот „Страв од варвари“ на Петар Андоновски, есејот на Добрила Грашеска за расказите од „Приказни за краткоста“ на Габриела Стојаноска-Станоеска, освртот на Елена Конеска за романот „Свинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски и промотивната реч на Габриела Стојаноска-Станоеска за романот „Каде што реката го бакнува небото“ од Билјана Тинтоска.

Последната рубрика Драма, Театар го промовира драмскиот текст „Спортска му е мајката“- комедија од Сузана Ѓорѓиевска.

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

stremez--2020-ОБЈАВЕН НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“ 

Првиот број за 2020 г. на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ денес излезе од печат.

Во рубриката Проза читателите можат да ги прочитаат расказите од Митко Маџунков, Иво Митев, Катерина Данаилова, Билјана Ѓонеска, Ивана Трајаноска и Драгана Евтимова.

Во рубриката Поезија се објавени нови песни од Зоран Анчевски, Светлана Босилкова Далевска, Сузана Ѓорѓиевска, Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Цеца Видова-Трајческа и Тања Кузманоска.

Во рубриката Нови гласови,  овој број на „Стремеж“ ја промовира поезијата на младата македонска авторка Марија Саревска.

Во рубриката Препеви, преводи се објавени песни од кинескиот поет Ван Јин препеани од англиски јазик од Македонка Божиновска, поезија од данскиот поет Клаус Анкерсен во препев на Звонко Танески и песни од поетот Петар Матовиќ препеани на македонски од Никола Маџиров.

Во рубриката Критики, есеи, студии Васил Тоциновски пишува за романот „Сивиот плоштад“ на Сашо Огненовски, објавена е промотивната реч на Катица Ќулавкова по повод збирката раскази „Приказни за краткоста - раска(з)(ж)и за своја душа на Габриела Стојаноска-Станоеска, потоа беседата за Рацин „Слово и глина“ на Венко Андоновски и есејот на Габриела Стојаноска-Станоеска за новата збирка поезија „Уплавната вода, тагата“ на Сузана Ѓорѓиевска.

Во рубриката IN MEMORIAM е објавена био-библиографијата на еминентната авторка и преведувачка од руски јазик - Тања Урошевиќ (1936-2020), извадокот „Мирисаа багремите, цветаа тополите“ од нејзиниот необјавен роман „Еден сив мартовски ден“,  како и освртот на Кица Колбе „Крајот на сезоната - последната новела на Тања Урошевиќ“.

Рубриката Театар го донесува текстот на Каролина Мицевска „Промотор на домашното драмско творештво“ по повод 70 години Театар „Војдан Чернодрински“.

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Електронско издание на Стремеж 1 - 2019

изданието може да се види на следниот линк


Електронско издание на Стремеж 2 - 2018

изданието може да се види на следниот линк

 
PDF Печати Е-пошта
Share

naslovna-Stremez2019Деновиве излезе од печат новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 2 за 2019 година, што го издава НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп.

Во рубриката ПРОЗА во вториот број на „Стремеж“ за 2019 г. се застапени прозата „Крајот на сезоната“ на Тања Урошевиќ, два циклуса раскази на Елизабета Баковска, седум куси прози на Владимир Мартиновски, како и расказите „Туѓата моја приказна“ на Владимир Илиевски и „Сеанса“ на Бобан Богатиновски.

Рубриката ПОЕЗИЈА ги донесува најновите поетски остварувања на Чедо Шопкиќ, Сузана Ѓорѓиевска, Тони Павлески, Никола Маџиров и Иван Антоновски.

Во рубриката НОВИ ГЛАСОВИ претставен е извадок од необјавениот роман „Лазарка“ на Љупчо Петрески.

Во рубриката ПРЕПЕВИ * ПРЕВОДИ е објавена поезија на црногорскиот поет Милика Павловиќ во препев на Давче Насевски, како и песни на кинескиот поет Оујан Цианхе препеани од англиски јазик на македонски од страна на Никола Маџиров.

Во рубриката КРИТИКИ * ЕСЕИ * СТУДИИ објавени се споредбената анализа „Домот, другоста и писмото во современата македонска проза“ на Елизабета Шелева, рецензијата „Расказот и сонот во интеракција“ на Лидија Капушевска-Дракулевска и есејот „ШШШ! Елена Пренџова – храбар женски глас на поезијата“ од Габриела Стојаноска-Станоеска.

Последната рубрика ТЕАТАР * ФИЛМ го донесува освртот на Ана Динковска-Божиновска „Догвил – книжевност, театар или филм?“.

Списанието НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп го издава со поддршка на Министерството за култура.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ОБЈАВЕН НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“ 

FB IMG 1567084424365

Новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ деновиве излезе од печат. Списанието го издава НУКЦ „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

Во рубриката Поезија  во првиот број на „Стремеж“ за 2019 г. се објавени нови песни од Никола Маџиров, Љубица Трајкоска, Цветанка Колева и Стефан Марковски.

Во рубриката Проза  читателите можат да ги прочитаат расказите „За оние кои посакаа да ги испитаат длабочините“ и „Земјата напукнуваше“ од Маја Апостолоска, како и расказот „Конец во јајцето“ од Габриела Стојаноска-Станоеска.

Во рубриката Препеви, преводиво овој број на списанието е објавена поезија од естонскиот поет Јан Каплински во препев на Никола Маџиров, песни од чешкиот автор Карел Сис препеани на македонски јазик од Иван Доровски и песни од молдавската поетеса Маргарета Куртеску (Марија Абрамчјук) во препев на Звонко Танески.

Во рубриката Критики, есеи, студии  застапени се: споредбената анализа за сликата на Таткото во македонската и балканската проза „Отец, татко, патер“ на Елизабета Шелева, текстот „Оглед за маргинализираните позиции на хуманистичките дисциплини и на компаративното проучување на литературите денес“ од Славица Србиновска, есејот „Дефиниција на поезијата“ од Борис Апостолов, освртот „За џунџулето на врвот на купот“ од Сузана Ѓорѓиевска кон постумно објавената збирка раскази „Пушти ми музика да поиграм“ на Трајче Крстески и текстот „Рецепцијата на поетското творештво на Богомил Ѓузел во Словачка“ од Звонко Танески.

Во рубриката IN MEMORIAM  се објавени био-библиографијата и песни на поетот Ристо Јачев (1942-2019), како и освртот од Иван Антоновски за неговиот живот и творештво „За урнатиот олтар...“. Исто така објавени се и био-библиографијата и песни од поетесата Вера Чејковска (1954-2018), како и текстовите на Иван Џепароски посветени на неа и на нејзиното творештво: „Возвишените веди на Вера Чејковска“, „За една промоција и за една преписка“ и „Земјотрес и суеверие“.

Во рубриката ТЕАТАР е објавен текстот „Адресар Б.Б.“ во кој Сашо Димоски се осврнува на животот, делата и мајсторското актерство на Билјана Беличанец.

Рубриката ПСИХОЛОГИЈАго донесува текстот „Нарцисоидното нарушување на личноста“ од Даниела Грујевска.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Електронско издание на Стремеж 1 - 2018

изданието може да се види на следниот линк

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ОБЈАВЕН НОВ БРОЈ (2) НА СПИСАНИЕТО „ СТРЕМЕЖ“ 

korica Stremez 2Новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ деновиве излезе од печат.

Во рубриката Поезија во вториот број на „Стремеж“ за 2018 година се објавени нови песни од Катица Ќулавкова, Линдита Ахмети и од Николина Андова-Шопова. 

Во рубриката Проза читателите можат да го прочитаат расказот „Песна“ од Блаже Миневски, извадокот од романот „Кај што реката го бакнува небото“ од Билјана Тинтоска и расказот „Зошто венеат цвеќињата“ од Иван Антоновски.

Во рубриката Нови гласови, „Стремеж“ во вториот број ја промовира поезијата на младиот македонски автор Борислав Јарчевски.

Во рубриката Препеви, преводиво овој број на списанието се објавени песни од словенечкиот поет Иван Добник препеани на македонски јазик од Драгана Евтимова, поезија од турскиот поет Гокченур Челебиоглу во препев на Игор Исаковски и песни од германската поетеса Нора Гомрингер препеани на македонски од Зоран Радически.

Во рубриката Критики, есеи, студии Максим Каранфиловски пишува за зборникот „Како го читам Конески“, Лидија Капушевска-Дракулевска се осврнува на поетската книга „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски за која авторот ја доби престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, а Габриела Стојаноска-Станоеска пишува за митските фигури во прозата на Тања Урошевиќ.

Во последната рубрика IN MEMORIAM е објавена био-библиографија на академик Милан Ѓурчинов (1928-2018) и неговиот текст „Можности и перспективи на вредносната критика во современата литература“, како и освртот од Бобан Карапејовски за неговиот живот и творештвото на овој критичар и есеист. Исто така во оваа рубрика е објавена и био-библиографија на драмскиот писател, сценарист, преведувач и универзитетски професор Горан Стефановски (1952-2018), извадоци од неговите драми во избор на актерот Димитар Ѓорѓиевски од театарот „Војдан Чернодрински“, како и текстот „Писмо до човекот кој беше пред своето време“ од Иван Антоновски.

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ОБЈАВЕН БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“за 2018

stremez-2018Центарот за култура„Марко Цепенков“го објави првиот број на списанието „Стремеж“ за 2018 година.

На челно место во првиот број на „Стремеж“ во 2018 г. е поезијата на полскиот поет Адам Загајевски, добитник на „Златен венец“ на СВП, во препев на Звонко Димоски. Рубриката Препеви и преводи донесува и неколку песни од Руми, препеани од Тихомир Јанчовски.

Во рубриката Поезија застапени се најновите поетски остварувања на Ристо Јачев, Борис Апостолов, Јовица Иваноски, Тони Павлески и Наташа Сарџоска, а во рубриката Проза расказите на Владимир Илиевски, Сузана Ѓорѓиевска и Маја Апостолоска. Новата рубрика насловена Нови гласови, ја промовира поезијата на дваесет и двегодишниот автор Андреј Ал-Асади.

Во рубриката Критики, есеи, студии Лидија Капушевска Дракулевска се осврнува на романот на Фросина Пармаковска „Одбројување“, Наташа Аврамовска го промовира новиот роман на Драги Михајловски „Бдеењето на Одисеј“, Весна Мојсова-Чепишевска ја анализира поезијата на словенечкиот поет Милан Јазбец и Лидија Митоска-Ѓорѓиевска дава свое видување на романот „Чума“ на Албер Ками.

Рубриката Театар го донесува текстот на Тодор Кузманов посветен на овогодинешното 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, а последната рубрика In memoriam ги чува од заборав ликот и делата на Матеја Матевски, Трајче Крстески и Лилјана Дирјан за кои говорат Јовица Тасевски-Етернијан, Габриела Стојаноска-Станоеска и Оливера Ќорвезироска.

Новата редакција на списанието е во состав: Габриела Стојаноска-Станоеска, Јовица Тасевски-Етернијан и Иван Антоновски.

Списанието е отпечатено со поддршка на Министерството за култура.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Двоброј 1-2 на списанието СТРЕМЕЖ за 2016

stremezfoto2016Излезе од печат двобројот 1-2 за 2016, на списанието за литература, уметност и култура ,, Стремеж,, што го издава ЦК,,Марко Цепенков,, а на чии страници се објавени критики и осврти, поезија, проза, раскази, препеви и преводи...

Васил Дрвошанов во текстот ,, Поезијата низ методичката призма на Ана Витанова Рингачева,, се осврнува на поезијата на Ана Витанова Рингачева, Трајче Крстески , во ,, Будење на фантазијата,,пишува за романот,, Светицата и разбирачот,, од Петар Петрески.

Читателите во двобројот на Стремеж ќе можат да ја прочитаат поезијата од Габриела Павлоска, Смиле Наумоски- Брсак и ЕлизабетаТодорска, како и прозата на Сузана Ѓорѓиевска и Маја Мојсова.

Двобројот на Стремеж, што излегува со подршка на Министерството за култура донесува препеви на поезијата на британската поетеса Менди Панет, како и неколку преводи на дела од латински од Миле Богески.

 
Повеќе Артикли...
  • Двобројот 1-2 на Стремеж за 2014
  • ДВОБРОЈ 1-2 НА СТРЕМЕЖ ЗА 2013
  • Прв двоброј на Стремеж за 2012 година
  • Издавачка дејност
« ПочетокПред12СледноКрај »

Страница 1 од 2

Изработено од Бучевски Дејан